Искусниот македонскиот фудбалски интеранционалец и донеодамнешен репрезентативец Иван Тричковски (34 г.) постигнал догвор за продолжување на соработката со кипарскиот АЕК Ларнака. Информацијата дека договорот ќе биде продолжен ја објави кипарскиот клуб. Актуелниот договор на Тричковски истекува на крајот од јуни 2022 година.
Тричковски во АЕК Ларнака простиогна во 2016 година и се избори со своите игри и авторите да биде капитен на екипата. Од АЕК не изнесоа повеќе детали, туку соопштија дека повеќе информации ќе има утре по официјалниот потпис на договорот.
Гол-мајсторот Тричковски и сезонава е во елемент, по 5. кола е прв стрелец во кипарскиот шампионат со вкупно шест погодоци.