Моделот за скринингот е готов, од утре ќе започнеме со барање писмена согласност од родителите, вели министерот за здравство Венко Филипче. Тој вели дека закасниле една недела.
„Требаше да започне оваа недела, а претходната да биде завршен, меѓутоа нешто повеќе потрае анализата на бројот на учениците. Од утре ќе започнеме да бараме, заедно со Министерството за образование, писмена согласност од родителите согласно методологијата. Верувам дека до крајот на оваа недела тоа ќе се обезбеди, и од следната недела и практично се спроведе скринингот“, истакна Филипче.