СДСМ ја носи државата напред на секој план, ВМРО ДПМНЕ ја уназадува, тие немаа храброст да решат ниту едно тешко национално прашање што прават е само гол популизам, купување време и милионски тендери истовремено, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на трибината што вечерва се одржа во Гостивар.
Претседателот Заев нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ освен што не сакало да ги реши тешките прашања, туку и целосно се ставиле во функција на саботажа на секој обид за напредок на државата.
„Ние промовираме “Едно општество за сите”, тие предизвикуваат етнички тензии. Но, граѓаните добро знаат да направат разлика и како бел ден стана јасно кој се бори да ја нормализира нашата држава, а кој да ја дестабилизира. Здружено нема да им дозволиме!
Нема да му дозволиме ниту на Мицкоски ниту пак на Села. Тие двајца се споија околу заедничката безидејност околу заедничката омраза кон другите.
И затоа таа вештачка коалиција, тој брак од интерес ќе им се распадне уште во недела некаде околу полноќ, кога и двајцата ќе видат дека ниту членови на ВМРО-ДПМНЕ гласале за Алијанса за Албанците, ниту пак членовите на партијата на села гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Така ќе биде и никако поинаку, затоа што не одат „Македонци варвари” и „Чиста Македонија” заедно и тоа го знае секој овде на овој плоштад тоа го знае секој граѓанин на нашата татковина.” порача Заев.
Тој ги повика граѓаните во недела да излезат масовно и да заокружат 12 затоа што тоа е гарант за напредокот на општините и државата/
Почитувани, ве повикувам, да ги поразиме силно овде во Гостивар. Сега е момент за одлука, одберете го најдоброто за вас и вашите деца! Одберете број 12 за советничката листа на СДСМ и Коалицијата, одберете 12 за да продолжи напредокот” повика Заев.