Кошаркарот на НБА-лигашот Бруклин, Кајри Ирвинг побара да се почитува неговата одлука да не се вакцинира против коронавирусот.
– Разбирам дека оваа одлука има финансиски импликации, не го сакам ова. Но, реалноста е дека за да бидам со тимот во Њујорк, треба да се вакцинирам. Донесов одлука да не се вакцинирам и ве замолувам да ја почитувате оваа одлука. Ќе продолжам да тренирам за да бидам фит и подготвен да им се придружам на соиграчите. Не се работи за политика ниту за НБА. Поентата е во мојот живот и во изборот што јас лично го правам, изјави Ирвинг за „ЕСПН”.
Пред два дена, Ирвинг беше суспендиран од клубот поради одбивање да се вакцинира, бидејќи тој не може да учествува на домашните натпревари. Њујорк воведе забрана за влез во јавни затворени простории на невакцинирани лица.
Иако забраната не се однесува на натпреварите на гости, клубот одлучи да не го користи 29-годишниот Американец на сите натпревари на Нетс додека не се вакцинира.