Ашаданов го направи првиот избор на кошаркарки за евро-квалификациите

Новиот селектор на женската македонска кошаркарска репрезентација, Александар Ашаданов, денес го направи својот прв избор на избранички со кои планира да настапува на квалификациските натпревари со Германија и БиХ во квалификациите за Еврoбаскетот во 2023 година.

Ашаданов упати повик до: Анџелика Митрашиновиќ, Илина Селцова, Девана Бонер, Тијана Митрева, Марија Димитријевиќ, Матеа Николиќ, Габриела Модева, Ивона Кожобашиовска, Емилија Лазарова, Александра Стојановска, Нена Трајчевска, Цветанка Димова, Ивона Пејковска, Јована Петрушевска, Кате Поп-Димитрова, Драгана Петковска, Михаела Алексовска, Ива Чолаковска, Ивана Кметовска, Марија Митева, Мартина Блажевска, Снежана Серафимова, Елена Тасевска и Наталија Секуловска.

Во ноемврискиот „прозорец” на ФИБА, македонските кошаркарки ќе играат со Германија и со Босна и Херцеговина.

Првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство кое во 2023 година ќе се одржи во Словенија и во Израел, нашиот најдобар женски национален тим ќе го игра на 11 ноември, во Хале, место блиску до Лајпциг (Германија).

Мечот со БиХ е закажан за 14 ноември, во салата на СРЦ „Кале” во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави