Во Гостивар денеска имам двојно задоволство, затоа што сум меѓу пријатели и бидејќи сопругата е од тука, а вие сте познати по тоа дека ги сакате зетовите, а покрај тоа сте сте скроми и чесни, но и трудољубиви, луѓе кои препознаваат вистински вредности, рече потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина во Гостивар.
-Но овде сме да говориме за најдоброто за вашата општина, за чист зелен Гостивар, за квалитетни работни места, за добар животен стандард. СДСМ во изминатоиот период покажа дека се грижи за граѓаните, економијата остана стабилна и секако има пари за проекти кога се работи домаќински. На сите на кои им треба помош државата е тука, го докажавме тоа во изминатите две години во време на пандемија и корона криза, затоа сакаме во Гостивар, а не надвор граѓаните да ја гледаат својата иднина, а регионалниот развој е врвен приорите, раст на плати и пензии, субвенции, инвестиции во здавството, образованието, дополни Битиќи.
Тој посочи дека секогаш може подобро и повеќе но според него СДСМ има јасен патоказ како да се развиваат општините и државата. Така се сака татковината, се сака со срце и со дело, затоа на 17 октомври да гласаме за советници кои ќе соработуваат со граѓаните, а нема да блокираат проекти, развојот на општините зависи од советите, тие се будното око на буџетот, затоа гласајте за одговорни советници кои ќе иницираат соработка