Виз Ер Скопски Маратон ги додели наградите за тим билдинг трката и штафетниот маратон – ЕУ за спорт

Вчера вечер во Брик бар се одржа доделувањето на наградите за тим билдинг трката, која беше дел од трката на 5КМ и штафетниот маратон – ЕУ за спорт, кои се одржаа во рамки на овогодинешниот Виз Ер Скопски Маратон.

На доделувањето на наградите беше присутен и амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, кој лично ги додели наградите на најдобрите од штафетниот маратон – ЕУ за спорт.

Штафетниот маратон – ЕУ за спорт, беше поделен во три категории, односно во женска категорија, машка категорија и мешани тимови. Наградите за женската категорија беа доделени на денот на маратонот, додека пак наградите за другите две категории беа доделени вчера вечер во Брик бар.

Во машка категорија, најдобар беше тимот ЗАПС ЕДИНАК АК 7МИ НОЕМВРИ, со што го освоија првото место со време од 02:38:50, второто место го доби тимот АК БЕЛАСИЦА кои ја истрчаа трката за 02:53:14, а со трето место се здоби тимот ААК СКОБУЛ за време од 02:54:42.

Од мешаните тимови, првото место го доби тимот TRIOLOGY ACTIVE TEAM, со време од 03:12:28, тимот IPA SKOPJE го освои второто место и истрча за 03:21:42, додека пак третото место го освои тимот FIT HUB BLUE, кои трката ја истрчаа за 03:28:22.

Во тим билдинг натпреварувањето во трката на 5КМ, во машка и женска конкуренција, првото место го доби тимот ДЕЛТА, на втората позиција се најде тимот NRC – NIKE + RUN CLUB, а третото место го освои тимот на Пивара Скопје. Наградите на тим билдинг натпреварувањето ги додели Даниел Димевски Претседател на МОК.

Евроамбасадорот изрази големо задоволство за можноста и оваа година да бидат дел од Виз Ер Скопскиот Маратон и дададат свој допринос за организирањето и реализаијата, исто така упати и честитки до организаторите за успешно завршен маратон.

Директор на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски, изрази огромна благодарност до сите учесници, кои и оваа година направија Скопскиот маратон да помине во одлична атмосфера. Синадиноски кажа дека орагнизаторите продолуваат со иста енергија и ентузијазам да работат на стратегијата за наредната година, со што Виз Ер Скопски маратон ќе продолжи да биде најмасовен спортски настан на годината во нашата држава. Дополнително тој додаде дека маратонот следната година ќе се одржи на 2ри октомври.

 

 

Треба да знаете
Последни објави