Загина 43-годишен тракторист од штипската приградска населба Стар Караорман

 Загина 43-годишен жител на штипската приградска населба Стар Караорман. Несреќата се случила на нива во близина на населбата, кога управувајќи со трактор се превртел и починал на самото место. Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова за МИА изјави дека 43-годишниот К.Ц е пронајден околу 21.50 часот во близина на приградската населба Стар Караорман, а од семејството било изјавено дека починатиот кон нивата се упатил околу 16 часот.

На местото на несреќата излегле полициски службеници, јавен обвинител, Итна медицинска помош и пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Штип. Лекар од Брзата помош на местото констатирал смрт, телото на починатиот е предадено на семејството. 

Треба да знаете
Последни објави