Во средата вечер Њујорк ја собра модната елита на едно место по повод наградите за модна авангарда Fashion Vanguard доделени на годишната гала „Ноќ на ѕвездите“.
Ники Хилтон и нејзината мајка Кети беа само некои од многуте познати лица кои присуствуваа на синоќешната свеченост во Њујорк.
Дуото мајка-ќерка им ја врачи на дизајнерите на „Оскар де ла Рента“ Лора Ким и Фернандо Гарсија посакуваната модна награда Fashion Vanguard Award за време на годишната свеченост.
Ники донесе гламурот во црвен фустан до подот, со лажна јака на вратот и широк отвор во пределот на градите.