Фудбалската репрезентација на Косово остана без селектор откако по октомвриските мундијалски квалифиакциски натпреаври се раздели со Швајцарецот Бернард Шаланд. Раководството на Фудбалската федерација на Косово во потрагата по нов селектор стапило во контакт со бразилскиот фудбалски ас Роберто Карлос, кој нема големо искуство како тренер.
Според медиумите од Приштина Карлос е најзвучното име меѓу кандидатите за селекторската позиција. Последен ангажман како тренет Карлос имал пред шест години во екипата на Делхи Динамос во Индија. Претходно беше тренер на турските Сиваспор и Акишар.
Во косовските медиуми се наведува дека преговорите се во тек, меѓутоа навивачи на Косово не се воодушевени од овој потег на раководството затоа што сметаат дека Карлос без разлика што е големо фудбалско име, нема искуство да биде селектор. Карлос својата фудбалска слава ја стекна како играч на Реал Мадрид за кого одигра 370 натпревари и постигна 47 голови.