Грција и САД, денеска во Вашингтон ќе го одржат третиот круг од стратешкиот дијалог меѓу двете земји, а ќе го потпишат и вториот изменет протокол на Договорот за меѓусебна одбранбена соработка, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас ќе се сретне со државниот секретар на САД Антони Блинкен, ќе го означат почетокот на стратешкиот дијалог, а потоа ќе го потпишат договорот.
Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, на брифингот со новинарите во понеделникот рече дека договорот што ќе се потпише во САД е особено важен и „дополнително го надградува грчкиот геостратешки и геополитички отпечаток”.
-Станува збор за е исклучително важен Договор, кој го зајакнува стратешкиот, но и воениот отпечаток на САД во нашата земја, рече Иконому и додаде дека Договорот е уште еден успех на грчката Влада.
Шефот на грчката дипломатија од вчера е во САД, а планирано е да оствари одвоени средби и со министрите за надворешни работи на Израел и Обединетите Арапски Емирати кои исто така ќе бидат во Вашингтон.