Најдоброто победува во Гази Баба – Граѓаните одбираат континуитет, посветена работа и резултати

Коалицијата НАЈДОБРОТО ЗА МОЈАТА ОПШТИНА вчера одржа граѓанска трибина во населбата Автокоманда, на која пред граѓаните се обратија кандидатите и актуелни градоначалници на Гази Баба и град Скопје, Борис Георгиевски и Петре Шилегов, носителот на советничката листа за Гази Баба, Александар Саша Димитријевиќ и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Заедно сме цел мандат и ЗНАЕТЕ дека работам да најдам решение на сите проблеми кои претходниците,цели 22 години,не ни помислиле да ги решат. Вие сте сведоци дека јас не ја чекав кампањата за да работам.

Во овие 4 години реализиравме повеќе од 200 проекти. Ако се пресмета тоа значи дека секоја недела од првиот мандат сме почнувале по еден нов проект.

Заедно со бизнис секторот отворивме нови 4000 работни места, во 15 нови инвестиции. Изградивме 48 километри патишта, булевари, улици. 23 километри водоводна и канализациска мрежа. 10.600 метри квадратни пешачки патеки и 3100 метри велосипедски патеки. Нови 2000 ДРВЈА и 9000 метри квадратни јавно зеленило.

Секој ден се обидуваа да нè запрат. Кога не успеваа, советниците од ВМРО-ДПМНЕ правеа се барем да не успорат. Но, со тоа само покажаа дека ништо не се променило од нивното 22 годишно владеење во Гази Баба. И најмала власт за нив за општината значи уназадување и ново нереализирање на проектите за граѓаните.

Резултатите постигнати во овие четири годни се мојата гаранција пред вас, дека сите проекти кои ги нудиме сега нема да останат само ветување. Бидејќи Гази Баба нема ни минута повеќе за да стои во место. Гази Баба нема време за губење. На 17 Октомври да ја прославиме новата победа. И веднаш да продолжиме со реализација на нови,преку 400 проекти за секое населено место во нашата општина.” истакна Борис Георгиевски, кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ и коалицијата НАЈДОБРОТО ЗА ГАЗИ БАБА.

„Ова масовно присуство вечерва во Гази Баба, најавува дека следува уште една голема победа на чело со вашиот сегашен, а ќе биде и иден градоначалник, наш добар другар и соработник, чесен и искрен човек, Борче Георгиевски. Борче не руши. Борче создава и тоа е докажано во дело. Тука сум вечерва да ви ветам, дека Борче ја има целата моја поддршка, ја има поддршката од централно ниво да го направи најдоброто за цела Гази Баба, а мојот збор е збор. Борче позади тебе сме, продолжи храбро, боречки за Гази Баба.

Драги мои сограѓани од Гази Баба, вие победата во Гази Баба ја заслужувате најповеќе од било кој граѓанин на било која општина во Македонија. Затоа што овде за овие четири години се сработи три пати повеќе отколку за последните години на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа продолжете напред, продолжете со најдоброто, продолжете да победувате.” истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред граѓаните на граѓанската трибина во Автокоманда.     

„Ние сме поразлични од нашите претходници, Гази Баба изминативе 22 години беше заборавена општина од ВМРО-ДПМНЕ. Партија која вложи 700тини милиони евра во барок, бронза, стиропор, гипсани фасади, споменици во центарот на градот, додека овде во Автокоманда на само 3 километри од центарот на градот не вложија ниту едно евро цели 22 години. Но заедно со мојот другар Борче, се погриживме да ја исправивме оваа децениска неправда кон вас граѓаните на Гази Баба и чекор по чекот, да ја развиваме општината за да осетите и вие дека живеете во урбана средина.” истакна кандидатот за градоначалник на градот Скопје, Петре Шилегов.

Носителот на советничката листа Димитријевиќ пред своите сограѓани од Автокоманда истакна дека Гази Баба е сигурна кога е со Борис Георгиевски, но градоначалникот не може сам, мора да ја има и поддршката од Советот, за да работи без блокади, да работи најдобро за граѓаните.  

„Ние не манипулираме како нашите претходници, кои кога сите општини се развиваа, тие успејаа да ја уназадат толку многу што жителите немаа основни услови за живот. Затоа после 17-ти октомври, Борис Георгиевски ќе биде повторно градоначалник на Гази Баба, ама со големо мнозинство во Советот предводено од СДСМ и коалицијата.” истакна носителот на советничката листа Александар Саша Димитријевиќ.

Треба да знаете
Последни објави