Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради менување на водоводен вентил во шахта на улица „Никола Русински“ бр. 12, од 09:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица во Општина Карпош.
Поради појавен уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80мм на ул.Тиквешка бб, водата е затворена и прекинато водоснабдување имаат корисниците од дел од истата улица. На отстранување на дефектот во Општина Шуто Оризари ќе се работи во текот на претпладневните часови.