Тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје кај Соборен храм. Судрени се повеќе возила на раскрсницата помеѓу булеварите „Паризански одреди“ и „Св. Климент Охридски“, а едно од возилата е удрено и во споменикот на свети Климент Охридски.
Во моментов на терен е полицијата која го регулира сообраќанот, но има и возило на брзата помош.
Според информациите од медицинскиот тим повредено е 20-годишно момче.
Медицинска помош му е укажана на самото место, а според сведоците, по несреќата момчето лежело неподвижно.