Aвтобус со работници во Битола утрово излета од патот и се преврте. Неофицијално има повредени лица. Во автобусот се превезувале работници од фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Индустриската зона Жабени, а возилото се превртело околу 6 и 30 часот во близина на фабриката.
Засега не се познати причините за несреќата и колку патници имало во автобусот.