Засега не се знае бројот на жртвите во силната експлозија што денеска одекна во џамија во авганистанскиот град Кандахар, пренесуваат француските медиуми, иако британски Би-Би-Си наведува дека ума многу загинати.
Експлозијата се случи за време на петочната молитва.
Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат верници како во паника бегаат по експлозијата.
Purported video shows the scene at Fatemieh Imam Bargah in #Kandahar after an explosion was witnessed during prayers. #Afghanistan #Afghan #Kabul #Taliban #Talibans pic.twitter.com/vAW9oGqzCB
— The Pakistan Daily (@ThePakDaily) October 15, 2021
Портпаролот на талибанското Министерство за внатрешни работи изјави дека досега се евидентирани седум жртви.
Иако се уште не ја презеде одговорноста за нападот, дописникот на Би -Би -Си од Авганистан на Твитер напиша дека се очекува Исламска држава наскоро да објави дека нападот е дело на бомбаш -самоубиец.
Blast reported at a Shia mosque in Kandahar… this after a suicide bombing by IS-K in Kunduz last week, targeting Shia worshippers at Friday prayers https://t.co/XLgmvMQYqL
— Secunder Kermani (@SecKermani) October 15, 2021
Пред точно седум дена, речиси идентична експлозија имаше и во џамија во провинцијата Кадуз, во која загинаа најмалку 100 лица, за која се уште никој не ја презеде одговорноста.