Британското Министерство за внатрешни работи ја објави годишната статистика на апсења поврзани со фудбалски натпревари во која се наведува дека полицијата за време на натпреварите одиграни ова лето на стадионот „Вембли” во рамки на ЕУРО 2020 привела 96 луѓе.
Од оваа бројка, 85 лица биле приведени на натпреварите на англиската репрезентација, а други шест на полуфиналниот натпревар меѓу Италија и Шпанија.
Британските медиуми како интересен го посочуваат податокот дека само 39 лица биле лишени од слобода за време на финалето меѓу Англија и Италија, иако околу 5.000 хулигани без влезници влегоа на стадионот, пробивајќи ги безбедносните кордони, и предизвикаа немили сцени.
Во инцидентите што притоа се случија беа повредени 19 полицајци.