ПСЖ се мачеше без Меси и Нејмар, ги спаси Мбапе со гол од сомнителен пенал

Пари Сен Жермен се мачеше без Нејмар, Меси, Ди Марија, Маркињос и Навас, но сепак успеа да го победи Анже со 2:1, со победнички гол на Килијан Мбапе по сомнителен пенал.

Мауро Икарди шутираше со глава, топката не одеше кон голот нагостите, но го удри во рака Капеле и судијата Дешепи покажа на белата точка во самиот финиш на мечот, откако ја провери спорната ситуација со помош на ВАР системот.

Мбапе беше прецизен и погоди за десетта победа на ПСЖ во 11-от меч во француската Лига 1.

Претходно со голот на Фулџини во 36. минута Анже водеше со 0:1 на „Паркот на принцовите“, а пресврт донесоа Данило Переира со гол во 69. минута и Мбапе со погодокот од пенал во 87. минута.

Анже никогашне го победил ПСЖ како гостин во Париз и серијата продолжи и вечерва со пресврт, односно со „два во еден“.

 

Треба да знаете
Последни објави