Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

Блумберг Медија (Bloomberg Media) и МТел Свис (MTel Swiss) – радиодифузер во мнозинска сопственост на Телеком Србија, денеска го објавија договорот за создавање на првата регионална мулти-платформска мрежа за деловни информации во Југоисточна Европа, со центри во Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија.

Почнувајќи од 2022 година, Блумберг Адрија на растечката заедница на носители на деловни одлуки и идни лидери во регионот ќе ѝ понуди деловни и финансиски вести, анализи и податоци преку телевизија, печат, дигитални канали, мобилни и социјални мрежи.

За да создаде дестинација за вести, Блумберг Адрија ќе се потпира на 2.700 новинари и аналитичари наBloomberg Newsво 120 земји, комбинирајќи го локалното известување со широкото покривање на светските пазари и економијата. Таа ќе вклучува преведена содржина од Bloomberg News, како и оригинално известување од наменски уреднички центри во Белград, Загреб, Љубљана, Сараево и Скопје.

Ние во Блумберг Медија ја градиме водечката глобална медиумска компанија за деловни и финансиски содржини на повеќе платформи, обезбедувајќи проверени содржини базирани на податоци“, рече Со Канг (Soo Kang), глобален директор за медиумска дистрибуција во Блумберг. „Блумберг Адрија го проширува нашето глобално присуство кај нова публика во Југоисточна Европа, која бара премиум глобални деловни вести, кои ќе ѝ овозможат да биде добро информирана“.

Во деловниот свет кој се менува со невидена брзина, достапноста на релевантни и точни информации и независна експертска анализа е клучна за носење добри деловни одлуки“, рече Владимир Лучиќ, главен извршен директор на Телеком Србија. „Блумберг одамна е синоним за сигурни деловни информации. Среќни сме што соработуваме со Блумберг медија и што, преку Блумберг Адрија, ќе донесеме точни и релевантни деловни вести во Северна Македонија и на регионалниот пазар“.

 

Треба да знаете
Последни објави