Илиевски денеска ја потпиша Декларацијата за инклузија на лица со попреченост на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество- Инклузива.

„Нашата заедничка заложба е во: оформување на тело за инклузија на лицата со попреченост во Општина Куманово во кое здруженијата и лицата со попреченост ќе бидат носители на активности за решавање на социјални и други прашања поврзани со лица со попреченост и нивните семејства, како и отстранување на бариерите, разумно прилагодување и прилагодување на начинот на работа во јавни институции, установи и други јавни објекти и отстранување и прилагодување на бариерата до и во јавни површини и организации.“- посочи Илиевски.

Илиевски истакна дека заложбата ќе биде и за овозможување на сервисна поддршка за лица со попреченост преку развој на мрежа на различни услуги во партнерство со невладини организации, основање на фондови и обезбедување на поддршка на лицата со попреченост во образовен процес, при вработување и започнување на сопствен бизнис, како и отстранување на информациски и комуникациски бариери.

„ Како иден градоначалник на Куманово ја прифаќам оваа обврска да ја промовирам инклузивната заедница, како домаќин да прифатам лице со попреченост во временски период од 8 часа. Се грижиме за сите, затоа нашата понуда на овие локални избори е Најдобрата“- заврши Илиевски.

Треба да знаете
Последни објави