Екипата на Скопје извојува попладнево гостинска победа над градскиот ривал Работнички со 1:0 (0:0) во воведниот натпревар од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Гостите ја обезбедија победата на Националната арена „Тодор Проески” со автоголот на Марио Станковски во 56 минута, а девет минути подоцна Работнички остана на теренот со играч помалку поради исклучувањето на Бојан Илиевски.
Триумфот го искачи Скопје на осмото место на табелата со 12 бодови, три помалку од Работнички, кој остана четвртопласиран.
Прволигашкото коло ќе биде комплетирано утре со преостанатите пет пресметки со почеток од 14 часот меѓу Академија Пандев – Шкендија, Брегалница – Македонија ЃП, Ренова – Пелистер, Струга – Борец и Тиквеш – Шкупи.