По двонеделна пауза поради мундијалските квалификации попладнево на арената „Тодор Проески“, со дуелот меѓу градските ривали Работнички и Скопје (14 ч.) ќе биде отворено 10. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Работнички е четвртопласиран на табелата со 15 бодови, шест повеќе од Скопје кој е на деветтото место.
Прволигашкото коло ќе биде комплетирано утре со преостанатите пет пресметки меѓу Академија Пандев – Шкендија, Брегалница – Македонија ЃП, Ренова – Пелистер, Струга – Борец и Тиквеш – Шкупи.