Европа може да се бори против подемот на Кина само до тој степен колку што е единствена во своите ставови, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, повикувајќи на поголемо единство на целиот континент.
– Како ќе се справиме со подемот на Кина како економска, политичка и воена сила во голема мера ќе зависи од тоа колку Европа навистина е единствена во своите ставови, рече Меркел во Шпанија, по добивањето на наградата „Карлос Петти”.
„Европа е силна само толку колку што е обединета”, истакна Меркел.