На 78 години се венча по петти пат: „Толку сум среќен, ова вреди да се сочува“

Рокерот од бендот „Pink Floyd“, Роџер Вотерс објави среќни вести – повторно се венчал.

За Роџер Вотерс љубовта е суштинска, па дури и на 78 години. Тој се венчал по петти пат, па соопштил: „Толку сум среќен, ова вреди да се сочува“.

Рокерот својата сегашна сопруга ја запознал во текот на службен пат, кога таа била задолжена да го вози од свирките до хотелот. Ангажманот бил договорен за две седмици, доволно за Роџер да се заљуби во својата убава Камила.

Не е познат фактот дали Роџер направил предбрачен договор, со оглед на тоа што вредноста на неговиот имот се проценува на 310 милиони долари.

Музичарот не криел детали за својата нова избраничка, а парот првпат се појавил на црвениот тепих во 2019 година.

Последната сопруга на Роџер беше Лаура Дурнинг, од која се разведе во 2015 година. Пред неа тој имаше уште три брака, а има и три деца.

 

Треба да знаете
Последни објави