Европската комисија денеска реагираше на последните провокации и напади на словенечкиот премиер, Јанез Јанша. Тој вчера на Твитер објави фотомонтажа со слика од Џорџ Сорос како дел од пајажина за која се поврзани повеќе европратеници, кои ги нарече негови платеници. Меѓу пратениците кои тој ги наклевети е и починатиот холандски либерал, Ханс Ванбал.
Руте и Јанша идната недела ќе се сретнат во рамките на самитот на лидери на ЕУ и се очекува да стане збор за тензиите помеѓу двајцата премиер.
Европската комисија денеска не сакаше да го коментира самиот твит на словенечкиот премиер, но упати неколку критики.
-Социјалните медиуми треба да бидат простор за конструктивна дебата со почит, а не место за лични напади било да е кон приватни или јавни фигури како што е случај со овој твит, порача портпаролот за правда Кристијан Виганд.
За европската јавност твитот и фотошопот на Јанша е антисемитистички бидејќи го прикажува милијардерот Сорос, кој е со еврејско потекло, како господарот кој ги манипулира народните избраници во Европскиот парламент.
-Позицијата на Комисијата за антисемитизмот е јасна: тој нема место во ЕУ, тој не е само закана за еврејската заедница, туку и за отвореноста и диверзитетот на општествата, додаде портпаролот.
Провокациите на словенечкиот премиер, чија земја претседава со ЕУ до крајот на декември, доаѓа додека повеќе пратеници се наоѓаат во Словенија за да ја анализираат состојбата со слободата на медиумите и владеењето на правото во земјата. Нивните заклучоци се очекува да бидат остри и критички.