Неверојатен дерби натпревар во 11. коло од фудбалскиот шампионат на Хрватска одиграа водечките Риека и Динамо од Загреб кое заврши без победник 3-3. Домаќините на полувремто заминаа во соблекувалната со предност од 3-0, но „модрите“ во вториот дел ја анулираа предноста. Македонските фудбалски репрезентативци кои настапуваат во двата тима Дарко Велковски за Риека и Стефан Ристовски за Динамо одиграа запазена улога, додека пак Ариан Адеми капитенот на тим от од Максимир поради повредата здобиена на репрезентативниот меч Македонија – Германија не беше во составот. Велковски се запиша во листата на стрелците за тимот на Риеак, а Ристовски беше асистент за третиот израмнувачки гол за својот тим.
— Follow @aboutHNL (@aboutHNL_Goals) October 16, 2021