Неиграњето на Ѓоковиќ, Надал и Федерер на турнирот во Индијан Велс ја отвори вратата за останатите тенисери да се закитат со мастерс-трофеј, но најголемите фаворити веќе испаднаа од ова натпреварување.
Прв настапот го заврши Данил Медведев, а синоќа атакот на трофејот во четвртфиналето го завршија и Александар Зверев и Стефанос Циципас. Зверев одигра неизвесен меч против Тејлор Фриц, прв поведе со 1-0 во сетови, но следеше пад во играта што Американецот знаеше да го искористи, па Фриц најпрвин израмни, а потоа во тајбејк во третиот сет славеше со 7-3 и се пласираше во полуфиналето.
Тејлор Фриц таму ќе се сретне со Басилашвили од Грузија, кој го совлада Циципас и се избори за своето прво мастерс-полуфинале во кариерата, триумфирајќи со 2-1 во сетови.