Борусија е лидер пред Баерн, а Халанд го симна Левандовски од врвот

Борусија Дортмунд по одиграниот меч од 8. коло во германската фудбалска Бундеслига е времен лидер, прескокнувајќи го Баерн Минхен, а младиот норвешки гол-играч Ерлинг Халанд од тимот на „милионерите“ го симна од врвот на листата на стрелците Роберт Левандовски.

Овие рокади дојдоа откако денеска Борусија го победи Мајнц со 3:1 во Дортмунд и со 18 бода се проби на врвот пред Баерн и Баер кои имаат по 16 бода, пред нивниот утрешен дуел од овоа коло во Леверкузен. Халанд постигна два гола, а капитенот Марко Ројс еден за домашниот тим.

Норвежанецот Халанд сега има девет, а Полјакот Левандовски седум гола.

Во еден од поинтересните дуели од ова коло, Фрајбург, кој е четврти на табелата, одигра 1:1 со Лајпциг. Форсберг погоди во 32. минута за гостите, но Јеонг Ву-Јеонг го спаси Фрајбург од пораз во 64. минута.

Унион Берлин беше подобар од Волфсбург со 2:0 (Авониј и Бекер), додека со головите на Рихтер и Екеленкамп Херта славеше со 2:1 во Франкфурт против Ајнтрахт. Пачиенсија беше стрелец на единствениот гол за домашниот тим од пенал во 78. минута.

Фурт беше поразен од Бохум со 1:0. На десет минути пред крајот, Лосила на гостите им донесе големи три бода со кои ја напуштија опасната зона, додека Фурт остана закован на дното со само еден осовен бод во осум натпревари.

Треба да знаете
Последни објави