Илјадници луѓе денеска маршираа во Варшава во знак на солидарност со мигрантите и барателите на азил.
Маршот се одржа под мотото „Стоп за мачењето на границата”. Демонстрантите ги обвинија полските власти за сурово однесување поради потиснувањето на мигрантите и воведувањето на вонредна состојба на границата, со што се спречени борците за заштита на човековите права да им помогнат на мигрантите.
На маршот беше истакнат транспарент „Колку тела лежат во шумата?” алудирајќи на неколкуте смртни случаи во шумите и мочириштата во пограничната област.
Речиси два месеца голем број од Блиски Исток и од Африка се обидуваат илегално да влезат во Полска од Белорусија, а полските власти ги враќаат назад.
Полските власти ги обвинија Белорусија и Русија дека ја поттикнуваат миграцијата со цел да предизвикаат нестабилност во Европска Унија, нарекувајќи го хибридно војување.