Претседателот на ДУИ Али Ахмети прогласи победа на локалните избори и рече дека неговата партија победила уште во првиот круг во Сарај, Пласница, Липково и оти е во предност во многу други општини.
Тој рече дека изборите поминале во најдобар ред и им честита на шефовите на штабови на ДУИ. Исто така, им се заблагодари на, како што рече, верните гласачи кои ја избрале агендата на ДУИ.
-ДУИ е во значителна предност во Тетово и Чаир, во Кичево, во Струга, во Желино, во Теарце, Боговиње, ДУИ има предност во Арачиново, Долнени, во Дебар одиме во втор круг, во Гостивар зголемен е нашиот фонд на гласови за 100%. Во Чашка одиме во втор круг со предност, рече Ахмети.
Ахмети посочи и дека ДУИ има предност или оди во втор круг во Дебар, Желино, Теарце Арачиново, Боговиње…