Петстотини луѓе годишно се дијагностицираат со мултипен миелом во Грција. Една од нив, веќе сум и јас, напиша поранешната грчка министерка и пратеник од Нова демократија Дора Бакојани (67 г.) на нејзиниот официјален Фејсбук профил, соопштувајќи дека има рак на плазма клетките, кој е во почетна фаза и со најдобра можна прогноза за текот на болеста.
-Никогаш не е лесно да слушнеш дека имаш рак. Она што не го контролираш, она што ненадејно доаѓа од никаде, тоа повеќе те плаши. И те плаши, не само за тебе, туку и за оние што ги сакаш и те сакаат. Сепак, постои борба со оваа болест и се победува. И ако едно нешто е сигурно, тоа е дека никогаш немам отстапено од ниедна битка во мојот живот, напиша Бакојани.
Објасни дека ќе продолжи регуларно да работи, паралелно со терапијата, а на останатите 499 лица им порача дека е „болест со која учиш да живееш, паралелно и истовремено“.