Селекторот и капитен на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров објави списокот од 22 повикани играчи на кои ќе смета за претстојната ЕХФ-седмица и десетмина кои се „резерви“. Македонија овој репрезентативен термин ќе го искористи за да одигра двомеч со репрезентацијата на Египет закажан за 5 и 6 ноември во Каиро.
Собирот е закажан на ден 31.10.2021 година со почеток во 14:00 часот во Хотел Александар Палас во Скопје.