Германскиот министер Хајко Мас изјави дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ги користи илегалните мигранти за да изврши притисок врз Европската унија.
На состанокот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, Мас рече дека Лукашенко е „шеф на државната транспортна мрежа на илегални мигранти”.
Мас тврди дека Лукашенко ги користи бегалците како средство за притисок врз европските земји, а исто така го обвини Минск за потиснување на опозицијата и кршење на човековите права. Тој ја опиша политичката ситуација во Белорусија како „драматична”.
Германската федерална полиција претходно соопшти дека на почетокот на август повеќе од 4.300 илегални мигранти, претежно од Ирак, Сирија и Иран, пристигнале од територијата на Белорусија и Полска.
Претходно, полските власти донесоа одлука за воведување вонредна состојба во регионите на границата со Белорусија поради мигрантската криза.