Нори и Бадоса го освоија Индијан Велс

Британскиот тенисер Камерон Нори е победник на престижниот турнир во Индијан Велс (САД). За него ова е прв Мастерс трофеј.

Нори ноќеска во финалето кое траеше нешто помалку од два часа, беше подобар од Грузиецот Николоз Басилашвили со 2:1, по сетови 3:6, 6:4 и 6:1.

За Нори ова е втора титула во кариерата и 47-ма победа во сезоната 2021 по која тој од 26. оди на 15 . место на АТП ранг-листата.

АТП Мастерс 1000 во Индијан Велс се играше за нагхраден фонд од 8,3 милиони долари.

Во женска конкуренција нова шампионка е Паула Бадоса која во финалето по голема борба ја совлада Викторија Азаренка во три сета и тоа со 7:6,2:6,7:6. Ова е втор триумф за Бадоса во кариерата, а прв пат го крева шампионскиот пехар на Мастерс турнирите.

Дваесет и тригодишната Бадоса стана првата Шпанка која победила на турнирот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави