Германскиот министер за здравство Јенс Шпан го поддржа укинувањето на таканаречената национална епидемиска ситуација, објави Тагешау.
Како што потврди портпаролот на Министерството, Шпан го истакнал тоа за време на консултациите во однос на прашањето на коронавирусот со министрите за здравство на федералните провинции.
Одлучувачкиот аргумент во изјавата на Шпан е дека ризикот од вакцинација и ризикот од преоптоварување на здравствениот систем, според институтот „Роберт Кох”, е умерен. Институтот веќе долго време тврди дека речиси сите инфекции и тешкиот тек на болеста кога лицата се инфицирани со коронавирус се јавуваат речиси само кај невакцинирани луѓе.
Со оглед на моменталната квота за вакцинација, епидемијата би можела да заврши на 25 ноември годинава на национално ниво. Ова ќе стави крај на вонредната состојба, која е на сила од 28 март 2020 година.
Шпан најави продолжување на мерките за хигиена и растојание, бидејќи „категорични гаранции се уште не можат да се дадат”.