Јужна Африка денеска соопшти дека засега нема да ја одобри руската антиковид вакцина „ Спутник В” за итна употреба.
Јужноафриканската агенција за лекови (Сахпра) соопшти дека употребата на „Спутник В” во земјата каде што е широко распространет ХИВ вирусот може да го зголеми ризикот од добивање ХИВ кај вакцинираните мажи.
Јужна Африка има најголем број на луѓе заразени со ХИВ во светот. Исто така, најтешко е погодено од Ковид-19 на африканскиот континент со повеќе од 2,9 милиони заразени и 88,600 умрени.
Некои истражувања сугерираат дека вакцините што користат вектор на аденовирусот од типот 5 (АД5), како што е „Спутник В”, може да доведат до поголема подложност на ХИВ кај мажите кои ја примиле вакцината.
Во Јужна Африка се користат вакцините на „Џонсон и Џонсон”, како и вакцините што користат информатичка РНА технологија Фајзер / БиоНТек, а одобрена е, исто така, и кинеската вакцина „Синовак”.
Руската вакцина се уште нема добиено официјално одобрение за употреба од Светската здравствена организација, но таа се употребува во најмалку 45 земји.
Јужна Африка има потешкотии да обезбеди доволно антиковид вакцини за своето 59-милионско население, од кое досега се вакцинирани едвај една четвртина.