По една неизвесна прва четвртина во која двата тима се менуваа во водството, МЗТ заигра многу подобро во продолжението. Со серија од 10-0 актуелниот шампион ја направи првата опиплива предност или 19-29, за потоа водството да биде и највисоки +13. На полувремето резултатот беше 32-42 за МЗТ Скопје.
Скопјани одиграа очајна трета четвртина во која постигнаа само седум поени, а кавадарчани се вратија во водство и ја завршија третата четвртина со 50-49. Исто како и во вториот период, така и во последните 10 минути, МЗТ имаше серија од 9-0 со која повторно се врати во водство, кое го одржуваше до самиот крај за конечни 69-75.
Дамјан Стојановски со 18 поени беше играч на натпреварот кај победничкиот состав, додека Џонатан Дејвис со 13 поени најмногу се истакна кај домашниот тим.