Претседателот на САД, Џо Бајден, е тужен од албанското семејство Мисљими, кое тврди дека иако биле избрани за американската „виза за разновидност“, нивното барање не било разгледано, пишува „Репортерс“.
Според порталот, тужбата е поднесена против Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен, американскиот амбасадор во Тирана, Јури Ким и директорот за конзуларни работи, Морган Д. Мајлс.
Семејството Мисљими тврди дека тие биле избрани да добијат американска „виза за разновидност“ во јуни 2020 година, но дека нивната апликација за виза не била разгледана, прво поради пандемијата, и дека центарот што одлучува за секој случај подоцна го разгледал нивниот случај, но не ги ставил на листата на приоритети.
Семејството тврди дека американските федерални службеници не ги следеле административните процедури и бараат од судот да му наложи на Стејт департментот на САД да размисли за барање и добивање на таа виза.