Фудбалерите на Барселона, Роналд Араухо, Педри и Усман Дембеле ќе го пропуштат натпреварот во 10. коло од шпанското првенство против Реал Мадрид, објави „Марка”.
Според шпанскиот весник, играчите нема да имаат време да закрепнат од повредите пред средбата со мадридскиот тим.
Тренерот на Каталонците, Роналд Куман, се надеваше дека ќе може да смета на барем еден од играчите, но медицинскиот персонал на клубот одлучи да не го ризикува нивното здравје.
Средбата на Барселона против Реал Мадрид ќе се одигра в недела на 24 октомври.