Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски утре ќе престојува во работна посета на Софија каде што ќе потпише меморандум за трилатерлна соработка за развојот на одржлива патна и железничка инфраструктура на Коридорот 8. Потписници на меморандумот покрај Северна Македонија се и Бугарија и Албанија.
-Целта на меморандумот е да се потврди подготвеноста на трите страни за долготрочно планирање и координиран развој на Коридорот 8 со фокус на проекти кои се од најголемо значење за регионот, информираа за МИА од Министерството за транспорт и врски.
Исто така, со меморандумот ќе се потврди подготвеноста на земјите потписнички за спроведување на мерките за брз и непречен транспорт на стока на граничните премини.
Во источниот дел на Коридор 8 во државава во тек е тендерска постапка за избор на изведувач за изградба на пругата од Куманово до Крива Паланка.