Италијанскиот фудбалски калчолигаш Наполи, чиј член е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ја прокнижи осмата победа во осмото коло од новата сезона во Серија А. На стадионот „Диего Марадона“ во Неапол, падна тимот на Торино (1:0). При постигнувањето на победничкиот гол на Осимен, главен асистент беше токму Елмас.
Со овој триумф Наполи го повтори својот најдобар старт во клупската историја остварен во сезоната 2017/2018. И таа сезона Наполи започна со осум победи во низа, но на крајот ја загуби трката за Скудетото од Јувентус.