Кошаркар на 32 години колабирал на теренот, а набрзо потоа починал во болница

Кошаркар на италијанскиот клуб Фортитудо Месина, Хаитем Шабур Фаталах (32), синоќа починал во болницата во Реџо Калабрија откако претходно колабирал за време на натпреварот меѓу неговиот тим и Диере Реџо, во рамките на третата лига на Италија. Веста ја пренесоа италијански медиуми со образложение дека тој колабирал за време на натпреварот, изгубил свест и натпреварот бил итно прекинат.

Трагично починатиот кошаркар одигра повеќе на 250 натпревари во Италија. Роден е во Агриџенто, во југозападна Италија, во ноември 1989 година, а во Месина пристигнал сезоната 2016/17. Играше на позицијата плејмејкер.

Треба да знаете
Последни објави