Само неколку секунди откако беше запален олимпискиот оган во античка Олимпија за ЗОИ „Пекинг 2022″, целосната тишина беше прекината од извици и слогани на демонстранти, по што интервенираше обезбедувањето, а церемонијата продолжи непречено. Според објавите на социјалните мрежи станува збор за активисти од движењето „Free Tibet” кои повикуваат на бојкот на ЗОИ, но и бараат ослободување на уапсените активистки вчера во Атина.
Три странски државјанки, како што соопшти грчката полиција, вчера беа уапсени откако се обиделе да постават пано и знамиња на Акропол.