Илјадници Шпанци се здобиле со белодробни заболувања поврзани со нивната конзумација на преработено масло од репка.
Група луѓе кои преживеаја масовно труење од репка пред четири децении во Шпанија, денеска објавија дека го зазеле музејот Прадо во Мадрид и се заканија дека ќе извршат самоубиство доколку владата не ги исполни нивните барања.
Тие бараат од премиерот Педро Санчез да им помогне на жртвите од масовното труење што се случи во 1981 година, пренесува „Ројтерс“.
🛑 ÚLTIMA HORA | Un grupo de víctimas del aceite de colza se encierran en el Museo Del Prado y amenazan “con retransmitir en directo su descanso eterno” si el presidente del Gobierno no atiende sus demandas
“Pasadas 6 horas empezarán a ingerir pastillas” pic.twitter.com/zhWhDVRsBf
— Radio Madrid (@RadioMadrid) October 19, 2021
„ Шест часа по нашето пристигнување овде, ќе започнеме да голтаме апчиња“, објавија демонстрантите на профилот на Здружението на жртвите од тоа труење на Твитер.
Поради конзумацијата на преработено масло од семе од репка во тоа време, илјадници добија разни белодробни заболувања, а многумина се уште ги чувствуваат последиците од труењето.