Европскиот суд за човекови права (ЕЦХР) денеска ја повика Турција да го измени законот за навреда на претседателот, според кој се гонат десетици илјади луѓе и пресуди дека притворот на човекот кој преку карикатура го навреди Реџеп Таип Ердоган, според тој закон, претставува кршење на неговото право на слобода на изразување.
„Не постои оправдување за приведувањето на Сорли ниту за неговиот притвор или изрекувањето пресуда”, одлучи Европскиот суд за човекови права.
„Ваквата казна, по својата природа, неизбежно има застрашувачки ефект врз желбата на една личност да го изрази својот став во врска со јавниот интерес”, наведува судот и додава дека казнениот прогон на Сорли „не е во согласност со слободата на изразување”.
Илјадници луѓе се обвинети и осудени за навреда на Ердоган во седумте години откако поранешниот премиер стана претседател.
Од 2014 година, кога Ердоган стана претседател, покренати се 160.169 истраги за навреда на претседателот, од кои 35.507 се процесуирани, а донесени се 12.881 пресуди.
ЕЦХР наведува дека турскиот закон за навреда на претседателот му обезбедува на шефот на државата привилегиран статус кога станува збор за објавување информации и мислења за него.