Двајца од починатите пациенти биле вакцинирани со вакцината на „Фајзер“, тројца со вакцината на „Астразенека“, четири починати пациенти примиле вакцина „синовак“, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот „Синофарм“.
Според податоците од Министерството за здравство, најголем број од лицата кои биле вакцинирани и кои починале од коронавирус имале кардиолошки заболувања и дијабет. Останатите имале белодробно заболување, бубрежно заболување, невромускуларно заболување, хипотироидизам и малигно заболување.
Министерството за здравство информира дека неделно ќе ја информира јавноста за починати лица со Ковид-19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.