Авион со 21 патник и членови на екипажот се запали денеска при полетување во близина на аеродромот во Брукшир во американската сојузна држава Тексас, при што сите преживеаја, а повредено е само едно лице.
Аеродромот во Брукшир се наоѓа во близина на градот Хјустон. Авионот „Мекдонел Даглас МД-87″ утрово ја премина оградата додека се обидуваше да полета од аеродромот и се запали во поле.
Во моментот на несреќата во авионот се наоѓале 21 лице – 18 патници и тројца членови на екипажот. Две лица се пренесени в болница, а најмладиот патник во авионот имал 10 години, изјавија официјалните лица.