Рејтингот на американското државно раководство во светот пораснал во првите шест месеци од претседателството на Џо Бајден, укажуваат резултатите од најновата анкета на Галуп спроведена во речиси 50 земји.
Најновата анкета на Галуп, аналитичка компанијa со седиште во Вашингтон, насловена „Рејтинг на светските лидери, САД наспроти Германија, Кина и Русија”.
И покрај високиoт рејтинг, кога се споредени со овие три земји, САД во некои региони на светот се на второ место.
Така, кога Галуп ги прашува анкетираните како тие го одобруваат раководствата на САД, Германија, Кина и Русија, Германија зазела прво место кај учесниците на анкетата во Европа, Азија и Јужна Америка, додека раководството на САД го зазело првото место само во Африка (53 отсто за САД, против 49 за Германија).
Галуп синоќа јави дека податоците од анкетата не се целосни, но дека достапните податоци од 46 земји укажуваат за 49 отстотен рејтинг на американското раководство.
Рејтинзите се намалиле во три земји – Русија од 18 до 13 отсто, Србија од 20 до 16 отсто и во Бенин, од 54 до 50 отсто.
Притоа, рејтинзите на американскиот врв значително пораснале во неколку европски земји. На 52 проценти во Португалија, до 45 проценти во Холандија и до 41 отсто во Шведска. Рејтингот на американското раководство е зголемен од 17 до 55 отсто во соседна Канада, а двојно зголемен во Германија, Италија, Франција и Јапонија.