Денеска Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово учествуваше на еколошка акција во организација на СДММ Куманово.
Еколошката акција беше спроведена на градскиот стадион кој е во запуштена состојба и служи како мини депонија.
Илиевски истакна дека покрај зелената агенда на СДСМ и коалицијата, во својата програмска понуда го има зацртано и целосното реконструирање на градскиот стадион, како директна поддршка за младите и спортот во Куманово.
“После многу години, Владата предводена од СДСМ го врати градскиот стадион во владение на Општина Куманово, и истиот заедно ќе го реконструираме, како дел од нашата Најдобра понуда.”
Илиевски потенцираше дека ваквата определба на СДСМ е всушност најдобрата понуда за младите, со креирање на можности за квалитетен живот и за реализирање на нивните спортски амбиции. Тој истакна дека проектот предвидува 3 трибини со капацитет од 5000 гледачи. “На 31-ви победуваме за современ градски стадион со 3 трибини, со капацитет од 5 000 гледачи – полигон од кој ќе произлезат нови кумановски фудбалски ѕвезди!”