Ракометарите на Еурофарм Пелистер со пораз на домашен терен ги започнаа настапите во Европската лига. Битолчани се поразени со 21:26 од францускиот Ним и тоа поради катастрофалната игра во првото полувреме кое постигнаа само шест гола.
Потоа Стипе Мандалиниќ постигна два гола по ред, но Французите возвратија и во 20 минута имаа предност од 4:11.
Тренерот на Е. Пелистер, Жељко Бабиќ се обиде да ја смени тактиката и почна да игра седум на шест, но битолчани имаа премногу загубени топки во нападот што му овозможи на противникот лесни голови.
Згора на тоа блескаше и голманот Дебоне кој имаше осум одбрани во првото полувреме, а притоа постигна и три гола. Катастрофалната игра на ракометарите на Еурофарм Пелистер, најдобро ја отсликува и резултатот на крајот од првиот дел, 6:15.
Второто полувреме започне со мини серија од 3:0 на битолчани, но Ним возвраќа со своја серија од 0:4 и во 41 минута за прв пат разликата беше двоцифрена (9:19) по што беше сосема јасно дека Е. Пелистер со пораз ќе ги започне настапите во Европската Лига. Битолчани во финишот го искористија опуштањето на противникот и успеаја да избегнат убедлив пораз, на крајот се поразени со четири гола разлика, 21:26.
Во второто коло, Е. Пелистер идниот вторник му гостува на тимот на Кадетен Шахфаузен.Најпрецизен во редовите на Е. Пелистер беше Стипе Мандалиниќ со седум постигнати голови, Елмир Граѓан даде пет гола, Табоада даде четири гола, додека кај Ним се истакнаа Мохамед Санад со седум гола и голманот Дебоне кој имаше 11 одбрани и три постигнати голови.